Европскиот клупски шампион Реал Мадрид постигнал договор со голманот Тибо Куртуа за неговите лични услови, информираше „Daily Mail“.
Белгиецот имаше одлични настапи на светското првенство и ја доби „Златната ракавица“ на турнирот, а според одредени информации двата клуба дури веќе се договориле за неговиот потпис.
Се тврди дека Реал Мадрид ќе плати речиси 40 милиони евра за играчот, кој имаше уште една година од договорот со „сините”, а договорот кој ќе го потшише со Реал Мадрид ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу” до летото 2022-та година.
Доколку сепак Флорентино Перез не успее да се договори со своите колеги од „Стемфорд Бриџ”, Шпанците веднаш ќе се насочат кон Уго Лорис од Тотенхем. „Daily Mail“ додава дека Тотенхем сигурно ќе ја одбие можноста да преговара и нема да прифатат никаква понуда, бидејќи сакаат да го задржат Лорис во своите редови.