Реал Мадрид е во контакт со претставниците на поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа по повредата на нивниот прв голман Тибо Куртоа, објави „Sky Sports“.
Шпанецот Давид де Геа (32) е достапен како слободен играч откако летово го напушти Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид ја следи и ситуацијата со голманот на Челзи, Кепа Аризабалага.
Тибо Куртоа ги повреди предните вкрстени лигаменти на тренинг и ќе биде опериран во наредните денови. 31-годишниот играч има над 200 настапи за клубот откако му се приклучи од Челзи во август 2018 година.
Шпанецот Де Геа играше во Англија од сезоната 2011/2012. Претходно, го чуваше голот на Атлетико Мадрид.