Реал Мадрид може да се засили со централен бек пред да се затвори летниот преоден рок. Според одредени извори Реал Мадрид се насочил кон Весли Фофана од Лестер Сити.
Во текот на изминатите неколку недели, претставници на клубот беа во контакт со агентите на 20-годишниот фудбалер. Проблем може да бидат барањата на Лестер Сити, кои го проценуваат нивниот играч на 80 милиони евра. Сепак е јасно дека Реал нема намера да го купи Весли Фофана додека не се расчисти ситуацијата со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Да потсетиме, и двајцата главни централни дефанзивци Серхио Рамос и Рафаел Варан летово го напуштија Реал Мадрид. Шпанецот замина како слободен играч во ПСЖ, додека Французинот се пресели во Манчестер Јунајтед. Фофана дојде во Лестер минатата година, а претходно играше за Сент Етијен. Минатата сезона одигра 28 натпревари во англиската Премиер лига и доби седум жолти картони.