Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе следната недела ќе отпатува во Шпанија на разговори со Реал Мадрид, пишува „Марка“.
Според информациите, француската ѕвезда ќе пристигне во Мадрид со целото семејство и ќе разговара со раководството на Реал Мадрид главно за имиџ правата во случај на трансфер ова лето.
Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Тој има опција и да остане на „Паркот на принцовите“, а раководството на клубот му понуди нов договор со плата од 50 милиони евра. Оваа сезона Мбапе има 30 натпревари за ПСЖ во Лига 1 со 22 гола и 14 асистенции.