Додека сите очекуваат Реал Мадрид да го донесе Килијан Мбапе, од Реал денес објавија ново име од Франција, но не е Мбапе, туку тоа е Едуардо Камавинга од Рен чиј трансфер е официјализиран.
Шпанскиот тим го донесе играчот за сума од триесет милиони евра. Договорот меѓу Камавинга и Реал Мадрид е веќе потпишан и ќе биде со важност до 2027 година. Информацијата ја потврди Реал Мадрид на својата веб-страница.
Камавинга го нарекуваат новиот Погба и настапуваше за Рен, а веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Франција, а за неколку дена во Ле Ман, во рамките на квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, ќе настапи против младата селекција на Македонија.