Реал Мадрид го понуди напаѓачот Лука Јовиќ на Рома, објави весникот „Ла Република“.
Според изворот, Лука Јовиќ може да го замени Босанецот Един Џеко во римскиот клуб, кој е блиску до преселба во Интер од Милано.
Јовиќ играше за Ајнтрахт Франкфурт од 2017 до 2019 година на позајмица од Бенфика. После тоа, германскиот клуб го купи за 22 милиони евра и го препродаде во Реал за 63 милиони евра. Минатата зима Ајнтрахт Франкфурт повторно го позајми српскиот фудбалер.
Минатата сезона, 23-годишниот напаѓач одигра 18 натпревари во германската Бундеслига и постигна четири гола. Новата сезона во италијанското првенство ќе започне на 21 август и до тогаш Жозе Мурињо ќе мора да го реши прашањето на напаѓач во својата екипа.

