Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид го продолжи договорот со Тони Крос до летото 2024 година
    Фудбал

    Реал Мадрид го продолжи договорот со Тони Крос до летото 2024 година

    risteBy riste21/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид ја објави долгоочекуваната вест поврзана со еден од симболите во актуелниот состав на оваа екипа. Кралскиот клуб потврди дека Тони Крос потпишал договор до летото 2024 година.

    Договорот меѓу двете страни, кој требаше да истече на крајот на овој месец, се очекуваше да биде обновен уште во март, но дури сега е официјализиран. Така, во август 33-годишниот Крос ќе ја започне својата десетта сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Неговото останување го посакуваа и претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти.

    Поранешниот германски репрезентативец досега за Реал Мадрид одигра 417 натпревари, постигна 27 голови и 89 асистенции. Шампионот на Светското првенство во 2014 година може да се пофали со импресивни 20 трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи 4 титули во Лигата на шампионите и 3 титули во Ла Лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.