Реал Мадрид размислува да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, чиј договор со англискиот клуб истекува на крајот од сезоната. Тоа го пренесува „La Gazetta dello Sport“.
Според изворот, главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп би сакал да продолжи да работи со 31-годишниот Бразилец, но двете страни се уште не се договориле за условите за новиот договор. Реал Мадрид го разгледува Фирмино како замена за Бензема, чиј договор со тимот истекува летото 2024 година.
Роберто Фирмино е во Ливерпул од 2015 година. Бразилскиот напаѓач постигна девет гола и даде четири асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона.