Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид гостува во Лондон кај актуелниот шампион Челзи
    Фудбал

    Реал Мадрид гостува во Лондон кај актуелниот шампион Челзи

    risteBy riste06/04/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Челзи и Реал Мадрид вечерва од 21.00 часот ќе се соочат на „Стемфорд Бриџ“ во едно од најинтересните 1/4 финалиња во Лигата на шампионите. Еден против друг се соочуваат актуелниот освојувач на трофејот и рекордерот по освоени титули.

    Минатата сезона двата тима се сретнаа во полуфиналето. Првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1, а во реваншот лондончани победија со 2:0 и продолжија понатаму. Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Атлетико Мадрид или Манчестер Сити.

    До неодамна не беше јасно дали тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе може да присуствува, бидејќи е заразен со коронавирус. Доколку даде негативен тест, Италијанецот ќе се обиде да стигне до англиската престолнина. Во негово отсуство, тимот ќе го предводат неговиот син Давид и Абиа Пердомо. Еден Азар, Лука Јовиќ и Иско останаа надвор од составот на Реал Мадрид за натпреварот, но сите тројца ретко играа во текот на сезоната и тоа нема многу да влијае. Така Реал Мадрид излегува со оптималниот состав на „Стемфорд бриџ“.

    Кадровски проблеми нема ниту во таборот на Челзи. Главниот проблем за лондончани е поврзан со сопственикот Роман Абрамович, кој е под санкции поради војната на Русија против Украина и бара опции за продажба на клубот. Менаџерот Томас Тухел најверојатно ќе ги остави Ромелу Лукаку и Тимо Вернер на клупата, а во нападот ќе биде Каи Хаверц. Жоржињо и Н’Голо Канте ќе ги заземат местата на средината на теренот.

    Дефанзивецот Едер Милитао мора да биде внимателен, бидејќи со нов жолт картон ќе го пропушти реваншот во Мадрид.

    Традицијата не е на страната на Реал во пресметките со Челзи. Двата тима се сретнаа пет пати во европските наттпреварувања, а шпанскиот тим се уште ја бара првата победа. Дали дојде време за тоа, останува да видиме.

    Веројатни состави:
    Челзи: Менди, Силва, Чалоба, Рудигер, Аспиликуета, Жоржињо, Канте, Алонсо, Ковачиќ, Хаверц, Пулишиќ.
    Реал Мадрид: Куртоа, Менди, Алаба, Милитао, Карвахал, Крос, Каземиро, Модриќ, Винисиус, Бензема, Родриго.
    Стадион: „Стемфорд Бриџ“ – Лондон
    Судија: Турпин (Франција)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Дијаз ќе се врати во татковината

    24/03/2023

    Холанѓанецот го пофали Рашфорд

    24/03/2023

    Халанд е на испитување во Барселона

    24/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.