Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид и Челзи во прва полуфинална битка во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Реал Мадрид и Челзи во прва полуфинална битка во Лигата на шампионите

    risteBy riste27/04/2021No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Минатата недела во фудбалскиот свет се зборуваше за создавањето на Суперлигата со учество на 12 најголеми клубови во Европа, а потоа следуваше повлекување на скоро сите од проектот. Во еден момент не беше јасно дали сезоната во Лигата на шампионите воопшто ќе заврши, но на крајот страстите се смирија и време е за одигрување на полуфинални пресметки во најпрестижното клупско натпреварување во организација на УЕФА.

    Вечерва во 21:00 часот Реал Мадрид го пречекува Челзи и ќе се обиде да направи предност пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“. Шпанскиот гигант стигна до оваа фаза откако ги елиминираше Аталанта и Ливерпул. „Сините“ од Лондон истот така имаа тежок пат, ги елиминраа Атлетико Мадрид и Порто. Двете екипи пред се сметаат многу на својата одбрана и тоа ќе им биде адут на патот до финалето во Истанбул. Реал прими само еден гол во двата натпревари со Ливерпул, истот така и Челзи против Порто.

    За време на викендот, Реал Мадрид не успеа да го победи Бетис во Ла Лига и сериозно ги намали своите шанси за титулата во Примера. Сепак, Челзи направи голем чекор кон пласман во топ 4 на Премиер лигата со три бода против директен конкурент Вест Хем.

    Реал е владетел на Лигата на шампионите, иако во претходните две сезони беше елиминиран во осминафиналето. Пред тоа, сепак, кралскиот клуб славеше со трофејот во секој од последните три случаи кога се пласираше во полуфиналето. Сега Зинедин Зидан и неговите играчи имаат за цел да дојдат до 14-та европска круна, а серијата од 17 натпревари без пораз во сите натпреварувања им ја подигнува самодоверба. Се започна по поразот од Леванте со 1:2 на 30 јануари. Во овој период ниту една екипа не успеа да постигне повеќе од еден гол во голот на Тибо Куртоа.

    Челзи има голема трансформација под водство на Томас Тухел и започна да игра крајно стабилно во одбраната. Екипата е во полуфиналето од Лигата на шампионите, со големи шанси да заврши во топ 4 на Премиер лигата, а ќе игра и и финале во ФА купот. Во текот на целата сезона во Лигата на шампионите, лондончани примија само три гола. Сините се во полуфиналето на турнирот за прв пат од 2014 година, кога беа елиминирани од Атлетико Мадрид.

    Една од централните фигури на натпреварот вечерва се очекува да биде Еден Азар. Белгиецот е постојано следен од повреди по трансферот на „Сантијаго Бернабеу“, но веќе се опорави и се очекува да игра против неговиот поранешен клуб. Сепак, најверојатно ќе се појави како резерва. Тони Крос имаше повреда на мускулот, но ќе биде во можност да настапи на средината на теренот со Лука Модриќ и Каземиро. Во почетниот состав ќе се врати и Винисиус Жуниор, кој ќе дејствува на предните позиции заедно со Карим Бензема и Марко Асенсио. Серхио Рамос, Лукас Васкез и Ферлан Менди се надвор од комбинација за настап, но добрата вест е враќањето на Даниел Карвахал.

    Челзи ќе биде без Матео Ковачиќ, кој е повреден и нема да може да игра против неговиот поранешен тим. Сепак, гостите немаат други проблеми со повреди и казнети. Тиаго Силва ќе ја предводи одбраната, а во средниот ред ќе бидат партнери Жоржињо и Н’Голо Канте. Џејмс и Бен Чилвел се фаворити за места на двете страни, а Мејсон Маунт и Тимо Вернер ќе играат зад напаѓачот Каи Хаверц.

    Историски гледано, Реал и Челзи се сретнале само три пати, а Реал се уште нема победа. Во сезоната 1970/71, двата тима се соочија во финалето на КНК. Натпреварот на 19 мај заврши 1:1, а два дена подоцна Челзи победи со 2:1 и го подигна трофејот. Лондончани триумфираа и во 1998 година, кога со голот на Густаво Појет победија со 1:0 во финалето на Суперкупот на Европа.

    Веројатно состави:
    Реал Мадрид (4-3-3):
    Куртоа, Карвахал, Варан, Милитао, Начо Фернандез, Каземиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Бензема и Винисиус Жуниор.
    Челзи (3-4-2-1): Менди; Аспиликуета, Тиаго Силва, Рудигер, Џејмс, Жоржињо, Канте, Чилвел, Маунт, Вернер и Хаверц.

    Судија: Дани МекКели (Холандија)
    Стадион: „Алфредо ди Стефано“ – Мадрид

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.