Напаѓачот на Европскиот шампион Ливерпул Садио Мане може ова лето да го напушти тимот со фантастичен договор.
Според извештаите на медиумите во Шпанија, Реал Мадрид е подготвен да го купи 27-годишниот репрезентативец од Сенегал за сума од 80 милиони фунти. Сепак, ова нема да биде предлог на Реал Мадрид. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез е подготвен да го вклучи Иско во договорот затоа што е баран од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Во сезоната 2018/19, Садио Мане учествуваше на 50 натпревари за Ливерпул, постигна 26 голови и имаше 2 асистенции.
Тој беше еден од најдобрите играчи на тимот и даде голем придонес за триумфот во Лигата на шампионите. Цената на 27-годишниот Сенегалец е 120 милиони евра, пренесуваат британските медиуми. Неговиот договор со англискиот тим важи до 30 јуни 2023 година.