Раководството на Реал Мадрид се одлучи за алтернатива на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Според „Скај Спорт“, Реал Мадрид ја разгледува можноста да го придобие напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина, Хулијан Алварез во случај да не успее да го ангажира Килијан Мбапе.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Интернет порталот Трансфермаркт го цени напаѓачот на 180 милиони евра. Во сезоната 2022/2023, Алварез имаше 49 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања, во кои постигна 17 гола и четири асистенции.
Договорот на играчот со англискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 50 милиони евра.