Реал Мадрид има доверба во напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, но не и во неговата придружба, пренесуваат дел од шпанските медиуми.
Според истите, мадридскиот клуб стравува дека блиските до напаѓачот на ПСЖ може да подлегнат на влијанието на катарските сопственици на парискиот клуб. Да потсетиме, претходно беше објавено дека Реал Мадрид развил нов план за потпис на Килијан Мбапе и наскоро ќе почне да го спроведува. Почнувајќи од 1 јануари оваа година, францускиот напаѓач може да склучи прелиминарни договори со кој било друг клуб за да им се приклучи летово како слободен играч.
Ова е поради тоа што 25-годишниот фудбалер има договор со ПСЖ кој му истекува за шест месеци. Сезонава Мбапе учествуваше на 22 натпревари на сите турнири, на кои постигна 21 гол и две асистенции.

