Бранителот на тронот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, денеска на домашен терен од 21 часот ќе се сретне со Ајакс во реваншот од 1 / 8 финалето. „Кралевите“ на гостувањето во Холандија славеа со 2 спрема 1 со што ја отворијата вратата за наредната елиминациска фаза. Реал Мадрид доживеа два врзани пораза од Барселона во купот и првенството на Шпанија и токму тие две лоши партии на „белите“ им влеваат надеж на гостите дека може да ја искористат лошата форма на противникот и да направат големо изненадување.
Шпанскиот тим денеска ќе биде без капитенот, Серхио Рамос, кој беше казнет од УЕФА со два меча бидејќи според проценките, намерно заработил жолт картон на првата пресметка во Амстердам се со цел за да биде „чист“ за продолжението од елиминациите. Тренерот Солари нема проблеми со други повредени или казнети фудбалери што значи дека ќе има избор за првата постава. Во таборот на Ајакс, ситуацијата е сосема поразлична бидејќи капитенот Карел Етинг и Лисандро Магалан ќе мора да го скокнат денешното гостување во шпанскиот дел на Пиринеите.
Во досегашните 13 средби меѓу двата тима, Шпанците победиле осум пати, еден меч завршил нерешено а Холанѓаните славеле на четири средби. Реал Мадрид постигнал 26 голови а Ајакс 11-ет. Можни состави: Реал Мадрид: Куртoа, Карвахал, Варан, Начо, Регулион, Модриќ, Каземиро, Крос, Васкез, Бензема, Винициус.За Ајакс во првата постава треба да бидат: Онан, Талjaфико, Блинд, Де Лајт, Мазрауи, Де Јонг, Ван де Беек, Шоне, Тадиќ, Нерес, Зијах. Главен судија: Феликс Брух (Германија).