Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ја одбрани титулата и во светското клупско првенство кое се играше во Абу Даби.
Во денешниот финален натпреавр Реал Мадрид беше поуспешен од Ал Аин со 4:1 и со тоа ја освои својата 4-та титула на светското клупско првенство. По оние во 2014, 2016 и 2017 година, сега ја освоија титулата и во 2018 година и со тоа се сами на врвот пред Барселона која има три титули.
Головите за Реал Мадрид во ова финале беа дело на Модриќ, Љоренте, Рамос и автогол на Надер. Единствениот гол за Аи Аин го постигна Шиотани.
Овој денешниот натпревар всушност беше и последен за тимот на Реал Мадрид за оваа календарска година, следниот меч за „кралевите“ ќе биде на 3 јануари кога ќе имаа тешко гостување кај Виљареал.