Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе останува главна трансфер цел на Реал Мадрид. ПСЖ најверојатно нема да се согласи да ја продаде главната sвезда на клубот, па од Реал Мадрид имаат друг план, според кој 21-годишен играч ќе им се придружи како слободен агент, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Реал Мадрид е подготвен да му плати на Мбапе 100 милиони евра како бонус за неговиот настап, доколку се согласи да се пресели во клубот летото 2022 година, кога му истекува неговиот тековен договор со сегашниот шампион на француската Лига 1.
Трансферната вредност на Килијан Мбапе се проценува на 180 милиони евра. Во сезоната 2019/20, Мбапе постигна 30 голови и 17 асистенции на 33 натпревари за парижаните во сите натпреварувања.