Европскиот шампион Реал Мадрид се пласираше во финалето на Светското клубско првенство, откако го победи без многу проблеми јапонскиот тим Кашима со 3:1.
Герет Бејл беше херојот за „кралевите”, откако постигна хет-трик во голот на Јапонците, а головите ги постигна во 44-та, 53-та и 55-та минута од натпреварот. Дои го постигна голот за кашима во 78-та минута.
Дуелот меѓу овие два тима се одигра на стадионот „Шеик Зајед Спортс Сити” во Абу Даби. Во финалето „кралевите” ќе се сретнат со Ал Аин, кој успеа изненадувачки да го елиминира шампионот на Јужна Америка, Ривер Плата по подобро изведување на пенали.