Одреден е точниот датум и време на еден од највозбудливите дуели не само во шпанскиот, туку и во светскиот фудбал – „Ел Класико“.
Бранителот на титулата од минатата година Реал Мадрид ќе биде домаќин на својот голем ривал Барселона на 10 април (сабота) од 21.00 часот во натпревар од 30. коло на шпанското првенство
Меѓу другото, натпреварот може да биде клучен во битката за првото место во „Ла Лига“, бидејќи и Барселона и Реал Мадрид неодамна ја намалија разликата со лидерот на табелата Атлетико Мадрид. Тимот од „Ванда Метрополитано“ има 4 бода предност пред Каталонците и 6 пред Реал Мадрид.
Барселона и Реал Мадрид веќе се сретнаа еднаш оваа сезона во „Ла Лига“, Реал Мадрид тогаш победи на „Камп Ноу“ со 3:1, а мечот се одигра во октомври.

