Реал Мадрид може да ги поремети сметките на Манчестер Јунајтед за привлекувањето на Џејдон Санчо во текот на летото, пренесува „Дејли меил“.
Англискиот талент е во плановите за трансфер на „Олд Трафорд“, но Реал Мадрид има идеја да им го зеде од пред нос на „црвените ѓаволи“.
До овој момент, Манчестер Јунајтед се сметаше за фаворит за потписот на Санчо. Од „Олд Трафорд“ дури и започна преговори со агентот на играчот, подготвени да платат 100 милиони фунти за неговите услуги.
Но, сега во Реал Мадрид решиле да влезат во трка по 20-годишното крило. Голема е веројатноста дека од „Сантијаго Бернабеу“ ќе влезат во трансфер-судир со Манчестер Јунајтед за потпишување на младиот фудбалер. Ова нема да биде прва ваква битка меѓу двата клуба затоа што и досега имале одредени дуели на трансфер пазарот.