Борусија Дортмунд нема да ја добие посакуваната сума за трансферот на Џад Белингем. 19-годишниот играч од средниот ред е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Клубот од Дортмунд сакаше да добие околу 150 милиони евра за трансферот на играчот, но ќе биде принуден да се согласи на помала сума, тврди новинарот на Билд, Кристијан Фалк.
Џад Белингем е на прагот да се пресели во Реал Мадрид. Клубовите допрва треба да се договорат. Борусија Дортмунд ќе добие помала трансфер сума од очекуваното. Наместо да ги надмине рекордните 140 милиони евра на Осман Дембеле од Барселона, Дортмунд треба „само“ да добие фиксна исплата од 100 милиони евра, плус околу 20 милиони евра можни бонуси. Очекуваните 150 милиони евра нема да ги има бидејќи Белингем има само две години од договорот.
Разговорите меѓу сите страни се одвиваат одлично затоа што Реал Мадрид и Борусија Дортмунд имаат многу добри односи.

