Реал (Мадрид) ќе направи понуда од 125 милиони фунти за играчот од средниот ред и ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба, пренесува весникот „Сан“.
Тренерот на „кралевите” Зинедин Зидан сака по секоја цена да го привлече својот сонародник на „Сантијаго Бернабеу”, бидејќи според него тој исклучително многу ќе ја засили средната линија на тимот и ќе го зголеми квалитетот на тимот.
Откако Оле Гунар Солскјер го презеде тимот на „црвените ѓаволи”, францускиот репрезентативец потсети на најдобрите моменти во кариерата и дефинитивно во моментов е оној играч кој сите го гледаа во дресот на Јувентус пред да се врати на „Олд Трафорд”.
Желбата на Погба е, во принцип, да остане во Јунајтед, иако отворено флертува со Реал Мадрид. Не е исклучено при добра понуда раководството на Манчестер Јунајтед да не му прави проблем и да го продаде, бидејќи Солскјер сака да смета само на фудбалери кои 100% се посветени на името „Јунајтед”.
Изгледа дека летото ќе биде доста интересно и ќе видиме дали Реал ќе може да го привлече Пол Погба во своите редови.