Раководството на Реал Мадрид објави дека потпишал договор со јапонскиот играч од средниот ред Текефуса Кубо.
18-годишниот играч од средниот ред, е познат како „Јапонскиот Меси“, ќе игра за Б – тимот на Реал Мадрид во првата сезона. Кубо е играч кој досега ги бранеше боите на јапонскиот тим Токио.
Во сезоната 2018/2019 успеа да одигра 13 натпревари во Јапонското првенство и постигна 4 гола. На 9 јуни дебитираше во националниот тим на Јапонија во пријателски натпревар со Ел Салвадор (2:0).
Според весникот „Марка“, Реал Мадрид потпиша петгодишен договор со Куба со годишна плата од 1,2 милиони евра. Интересот за Кубо беше голем , а за неговиот потпис се бореше и Барселона.

