Реал Мадрид му понуди нов 4-годишен договор на Марко Асенсио, но понудите за него од странство се поисплатливи од финансиска гледна точка, изјави еден од неговите агенти.
Офанзивниот играч има договор за само уште една сезона. Сега Реал Мадрид му понуди плата од 4,5 милиони евра + 1,5 милиони во форма на бонуси. Ова е горе-долу иста понуда како сегашната плата на фудбалерот, но англиските клубови се подготвени да му дадат 7 милиони евра по сезона, вели неговиот претставник.
Во Шпанија не ја исклучуваат можноста дека зборовите на менаџерот не соодветствуваат со вистината, а дека ова е обид да се најде начин раководството на Реал Мадрид да ја зголеми понудата.
Според информациите, Асенсио го посакуваат и Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Јувентус. Тој е во својата шеста сезона на „Сантијаго Бернабеу“.