Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го заверува пласманот во полуфинале
    Фудбал

    Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го заверува пласманот во полуфинале

    risteBy riste12/04/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид вечерва од 21.00 часот го пречекува Челзи во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Лондон заврши со победа од 3:1 во корист на шпанскиот гигант, кој ќе се обиде да го заврши започнатото од „Стемфорд Бриџ“.

    Избраниците на Томас Тухел имаат два гола за надополнување, што се чини тешка цел. Гостите нема да се може да сметаат на својот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку кој е повреден. Добра вест за Тухел е враќањето во составот на Сезар Аспиликуета, кој боледуваше од коронавирус. Надвор од комбинација на германскиот менаџер се и Калум Хадсон-Одој, Рос Баркли и Бен Чилвел. Во текот на викендот, Челзи го врати расположението во своите редови со победата од 6:0 над Саутемптон и ќе се обиде да ја пренесе на „Сантијаго Бернабеу“.

    Во исто време, Карло Анчелоти беше задоволен од веста за враќањето на левиот бек Ферлан Менди, кој го пропушти последниот првенствен натпревар на „кралскиот клуб“. Сепак, надвор од комбинација на Италијанецот е италијанскиот дефанзивец Едер Милитао кој беше казнет. Неговото место ќе го заземе Начо. Нема да бидат во игра за оваа средба и Еден Азар и Ваљехо, но спремни за настап се Лука Јовиќ и Маријано Дијаз. Проблем за Реал дефинитивно ќе биде отсуството на Милитао во одбраната, но се е во ред со средниот ред и нападот.

    Интересно, Челзи за прв пат во својата историја гостува на „Сантијаго Бернабеу“. Лошата вест за лондончани е што ниту еден клуб досега не бил успешен на првото гостување на теренот на Реал Мадрид. Тоа досега го постигнаа Ливерпул, Арсенал, Пари Сен Жермен и Јувентус, а дали на оваа листа ќе се приклучи и Челзи останува да видиме вечерва.

    Веројатни состави:
    Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Начо, Алаба, Менди, Модриќ, Каземиро, Крос, Валверде, Бензема и Винисиус.
    Челзи: Менди, Чалоба, Тиаго Силва, Рудигер, Алонсо, Ковачиќ, Канте, Џејмс, Маунт, Хаверц и Зијеш.

    Стадион: „Сантијаго Бернабеу“- Мадрид
    Судија: Марчињак (Полска)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.