Реал Мадрид нема намера да го ангажира напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Според „Марка“, португалскиот интернационалец на кралскиот клуб му бил понуден од Жорге Мендеш, но од „Сантијаго Бернабеу“ не покажале интерес.
Иднината на Леао во Милан е неизвесна бидејќи договорот му истекува во 2024 година, а во оваа фаза нема гаранции дека ќе биде обновен. Со оглед на фактот дека има доста клубови кои сигурно можат да му понудат поголема плата на Португалецот, на Милан нема да му биде лесно да го задржи Леао.
Реал Мадрид не е меѓу кандидатите за Рафа Леао, бидејќи на левото крило во нападот го има Винисиус Жуниор, кој постојано напредува и настапува многу добро , не само во дресот на Реал, туку и во репрезентацијата на Бразил. Сепак, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се подготвени да дадат понуди за 23-годишниот напаѓач.
Леао бара од Милан годишна плата од 9 милиони евра и дополнителни бонуси за учинок со цел повторно да потпише. Доколку двете страни не се договорат, италијанскиот гигант ќе мора да ги слушне понудите за својот најскап играч.
На Светското првенство во 2022 година, Рафаел Леао постигна гол во победите на Португалија над Гана во групната фаза и Швајцарија во осминафиналето.