Реал Мадрид нема да стапи во преговори за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе додека самите парижани не се изјаснат дека сакаат да го продадат играчот.
Од Реал Мадрид повторно не сакаат да дојдат во ситуација нивната понуда да биде игнорирана. Клубот понуди 200 милиони евра за Мбапе во летото 2022 година, но ПСЖ не реагираше на никаков начин. Затоа, Реал Мадрид ќе влезе во преговори дури во моментот кога самиот ПСЖ ќе се изјасни за желба да го продаде играчот. Забележано е дека ПСЖ пред 10 дена му понудил на Мбапе да се откаже од половина од бонусот за лојалност, кој изнесува 40 милиони евра, а Мбапе ќе ја добие оваа сума доколку остане во клубот до 31 јули 2023 година.
Ваквиот став го налути Мбапе, па нема да ја одбие сумата. Се најавува дека тој би можел да направи таков чекор доколку претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи гарантира дека Килијан ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.