Раководството на Реал Мадрид нема намера да го продава дефанзивецот Рафаел Варан и ќе се раздели со него само во случај да го добие износот кој е во клаузулата од неговиот договор – 500 милиони евра.
Шпанскит емедиуми пренесуваат дека неколку гиганти се заинтересирани з анеговите услуги, но од раководството на Реал Мадрид не се импресионирани од неговата желба да го напушти клубот.
Како што е познато, четири клуба пројавуваат сериозен интерес кон Французинот и се подготвени да платат голема сума за него – Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ се екипите кои го сакаат Варан.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, вчера рече дека Варан е важен дел од неговите планови. Се проценува дека дефанзивецот сака со овие изјави да издејтвува повисока плата, бидејќи веќе имам статус на светски шампион и четирикратен победник во Лигата на шампионите.
Фудбалерот кој е висок 191 сантиметар не се наоѓа во особено поволна позиција за да уценува, бидејќи неговиот договор со Реал е до летото 2022 година и во случајот клубот го има последниот збор за евентуален негов трансфер.