Францускиот дефанзивец од екипата на Манчестер Сити, Емерик Лапорт може да се пресели во Реал Мадрид, објави „Дејли Стар“.
Според изворот, Реал Мадрид на 26-годишниот дефанзивец гледаат како потенцијална замена за Серхио Рамос, со кого клубот сè уште не договорил продолжување на договорот. Договорот на Рамос со Реал Мадрид ќе заврши во летото 2021 година.
Лапорт оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна гол и заработи три жолти картони. Неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра.
Претходно стана познато дека Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед се зиантересирани за францускиот дефанзивец на Севиља Кунде. Според изворот, клубот е подготвен да се раздели со 22-годишниот играч за 60 милиони евра.

