Реал Мадрид планира да го купи голманот Кепа Аризабалага од Челзи по истекот на неговата позајмица, пренесуваат медиумите од Шпанија.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека Шпанецот е идеална опција за улогата на втор голман. Исто така објавено е дека од Реал Мадрид се подготвени да платат 10 милиони евра за Кепа.
Самиот голман претходно изјави дека би сакал да остане во Реал Мадрид и во иднина.
Кепа оваа сезона одигра 10 натпревари за Реал во сите натпреварувања, на кои прими осум гола. Договорот на играчот со Челзи е до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 18 милиони евра.
Да потсетиме дека Кепа донесен за да го замени повредениот Тибо Куртоа, кој долго време е надвор од терените поради повреда на коленото.