Синоќа, Реал Мадрид победи со 2:0 и со тоа се пласираше во осминафиналето на најпрестижното клупско натпреварување, иако во одредени моменти пласманот во следната фаза беше ставено под сериозно прашање.
Оваа победа означува уште еден историски триумф од статистичка гледна точка за Реал Мадрид, ова беше 29-ти пласман во елиминациската фаза за Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид заврши како прв во групата, пред Борусија Менхенгладбах, Шахтјор Доњецк и Интер. Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник, на 14 декември во 12 часот.

