Реал Мадрид на својата официјална веб-страница потврди дека претседателот на клубот Флорентино Перез е реизбран. Функционерот ќе продолжи да го води Реал Мадрид најмалку до 2025 година.
Како што претходно беше објавено, Перез автоматски беше реизбран бидејќи тој беше единствениот кандидат. Тој ги обезбеди потребните финансиски гаранции. Претстојниот мандат на чело на „Кралскиот клуб“ ќе биде шести за Флорентино Перез. Перез за прв пат го презеде Реал Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, тој поднесе оставка. По втор пат, Флорентино Перез стана претседател на Реал во 2009 година и до овој мемент е на функцијата.
Реал Мадрид со освоени 66 бода од 30 кола, е на второто место на табелата во шпанскиот шампионат. Фудбалерите на Зинедин Зидан заостануваат 1 бод од Атлетико Мадрид и 1 повеќе од Барселона