Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на младата српска фудбалска ѕвезда, Лука Јовиќ кој е нов фудбалер на шпанскиот гигант.
Попладнево „кралскиот клуб“ на својот интернет сајт потврди дека тимот доби ново засилување, за кое како што велат шпанските медиуми ќе плати 60 милиони евра, а договорот е потпишан на шест години, односно до јуни 2025 година.
„Силен, добар техничар, а шутира со двете нозе. Без разлика што е млад во неговите нозе има искуство од играње големи натпревари, како и голем број на трофеи како на клупско, така и на репрезентативно ниво“ се вели во информацијата објавена од Реал Мадрид.
21-годишнипот фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Ајнтрахт Франкург, одигра 48 натпревари во кои постигна 27 гола и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на клубот.