Шампионот на Европа и Шпанија, Реал Мадрид постигнал договор со младиот германски репрезентативец Флоријан Вирц за трансфер следната сезона, пренесува шпанска „Марка“. Флоријан Вирц се очекува да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ и д абиде замена за неговиот сонардоник Тони Крос кој одлучи на крајот на оваа сезона да стави крај на фудбалската кариера
Според информациите кои ги објави „Марка“, 21-годишниот фудбалер ќе потпише договор со Реал Мадрид во 2025 година и тој би можел да изнесува еверојатни 150 милиони евра.
Вирц оваа сезона беше еден од главните играчи на Баер Леверкузен во чии редови постигна 18 гола и 20 асистенции, а беше бистински лидер на тимот до титулите во Бундеслигата, Купот на Германија како и финалето во Лига Европа.
Претходно се пишуваше дека Вирц е во трансфер плановите на Барселона, но се чини дека финансиската состојба на каталонците не им дозволува да го реализираат овој трансфер.

