Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја освои Златната топка и стана првиот Французин кој ја добил највредната индивидуална награда во фудбалот по Зинедин Зидан во 1998 година.
По триумфот на Бензема, Златната топка досега ја имаат освоено играчите на Реал Мадрид вкупно 12 пати, а кралскиот клуб по оваа бројка се израмни со Барселона. Фудбалерите на Милан и Јувентус ја освоиле наградата по 8 пати.
Минатата сезона Карим Бензема стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите. Францускиот интернационалец постигна 27 гола во Примера, а постигна 15 гола во Лигата на шампионите.