Управата на Реал Мадрид ја отфрли можноста за привлекување на ѕвездата на Челзи, Вилијан.
Бразилскиот крилен играч ќе биде слободен играч по крајот на сезоната, а неговиот агент упорно бара голем клуб за да ги исполни условите на неговиот клиент. За Вилијан се заинтересирани Арсенал и Тотенхем, а неговите квалитети му се допаѓаат и Зинедин Зидан. Поради оваа причина, 31-годишниот Бразилец беше понуден на Реал, но од „Сантијаго Бернабеу“ ја одбиле понудата заради барањето на играчот да потпише договор на три години.
Тоа беше барањето на Вилијан, кое не го прифати и неговиот сегашен клуб Челзи, кој му понуди договор на две сезони, бидејќи тоа е политика на лондончани за играчи кои веќе наполниле 30 години. Вилијан помина седум години на „Стемфорд Бриџ“.