Реал Мадрид до овој момент не му понудил нов договор на својот капитен Серхио Рамос. Причината е што раководството на Реал Мадрид не одлучило дали ќе му понудат договор на една или две години, пишуваат медиумите во Шпанија.
Самиот Рамос постојано повторуваше дека сака да ја заврши својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“ и е подготвен да потпише нов договор.
Засега, сепак, претседателот Флорентино Перез не седнал на преговарачката маса на оваа тема. Сегашниот договор на 34-годишниот дефанзивец истекува следното лето и од 1 јануари 2021 година тој може да преговара со кој било тим.
И покрај тоа што има 34 години, Рамос останува важен играч за Реал Мадрид. Тој го постигна својот 100-ти гол за клубот во вторникот на мечот од Лигата на шампионите против Интер (3:2).

