Реал Мадрид може да плати околу 100 милиони евра за напаѓачот на ПСЖ , Килијан Мбапе, доколку не го продолжи договорот со францускиот клуб, објави весникот „АС“.
Според истиот извор, Кралскиот клуб ја разгледува опцијата за стекнување на фудбалерот во летото 2021 година. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува летото 2022 година, а напаѓачот одбива да го обнови договорот. Мбапе се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Монако најнапред со позајмица. Една година подоцна, парискиот клуб ги откупи правата на напаѓачот. Сумата на трансфер беше 145 милиони евра.
Минатата сезона, 21-годишниот напаѓач учествуваше на 20 натпревари од францускиот шампионат (17 во првиот тим), на кои постигна 18 гола и пет асистенции. Мбапе одигра малку натпревари затоа што сезоната во Франција беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.
