Кралскиот клуб, Реал Мадрид ја покажува својата хуманост со потегот кој го направи управата на Реал Мадрид која донесе одлука да донира сума од еден милион евра, која ќе биде искористена за настраданите во големите поплави што ја зафатија Шпанија, а најмногу настрада регионот на градот Валенсија.
Токму Реал Мадрид требаше утре да игра првенствен меч против Валенсија, но истиот е откажан поради тридневната жалост што ја прогласи шпанската држава, а сега управата објави дека издвоила сума од еден милион евра, која ќе им помогне на оние што најмногу загубија во оваа природна катастрофа.
Досега над 95 лица официјално го загубија животот во полавите, а се трага по повеќе стотици исчезнати, за кои се претпоставува дека настрадале и не ја преживеале оваа катастрофа. Шпанската фудбалска федерација одлучи сите натпревари кои ќе се играат ова коло во Ла Лига и останатите лиги во Шпанија да започнат со едноминутно молчење, во знак на почит на загинатите.

