Реал Мадрид на својата официјална веб-страница објави дека по медицинските тестови на Џуд Белингам, констатирана е повреда на мускулот на десната нога. Еве што напиша клубот на својата официјална веб-страница:
„По денешните прегледи извршени врз нашиот играч Џуд Белингам од лекарскиот тим на Реал Мадрид, констатирана е повреда на мускулот на десната нога. Ќе се следи неговата состојба и ќе се преземаат мерки во зависност од развојот на повредата“, известуваат од клубот.
Се чекаат дополнителни вести за тоа колку време ќе му биде потребно за закрепнување на Белингем.

