Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс и е подготвен да понуди 70 милиони евра за трансферот на англискиот фудбалер, објавија медиумите во Англија.
22-годишниот Џејмс потекнува од фудбалската пкола на Челзи. Дефанзивецот постигна шест гола и даде седум асистенции во 31 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот меѓу Џејмс и Челзи истекува во летото 2025 година.
Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на англискиот фудбалер на 55 милиони евра. Рис Џејмс има и 10 натпревари за сениорскиот тим на Англија, на кои имаше две асистенции.