Денес на стадионот „Колосеум Алфонсо Перез“ во Гетафе, во рамките на 19. коло од Ла Лига, Хетафе го пречека лидерот Реал Мадрид, а домашната екипа славеше со 1:0.
Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме, кога уште во 9-та минута Енес Унал му донесе водство на домашниот тим.
За Реал Мадрид овој пораз беше прв во сите натпреварувања од 3 октомври кога избраниците на Карло Анчелоти загубија од Еспањол (1:2). Мадридскиот тим немаше пораз 15 натпревари по ред.

