Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да испрати неверојатна понуда од 400 милиони за да го обезбеди потписот на младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Моменталниот рекорд за трансфери го држи Нејмар кој во 2017 година ја напушти Барселона и за 222 милиони евра се пресели на – „Паркот на принцовите“ во Париз. Мбапе во претходната сезона одигра 43 натпревари со ефект од 39 погодоци и 17 асистенци.
Според одредени шпекулации, Перез планира да испрати понуда за Мбапе во која покрај одредена сума на пари ќе биде вклучен и играчот на „кралевите“, Виницус Жуниор. Познато е дека младиот Бразилец претходно беше во радарот на ПСЖ, но, се определи да замине во Шпанија.