Раководството на Реал Мадрид започна нови преговори со својот најдобар фудбалер, мега-ѕвездата Кристијано Роналдо. Деталите се очекува да бидат финализирани пред Светското првенство ова лето.
Според информациите, шефот на клубот, Хозе Ангел Санчез, веќе го информирал 33-годишниот Португалец за желбата на клубот. Самиот Роналдо ги цени напорите на Реал за нов договор, со кој платата на играчот ќе се зголеми од 21 на 30 милиони евра по сезона и тоа ќе го приближи до платата на Нејмар во ПСЖ, која изнесува 35 милиони евра.
Тековниот договор на Кристијано Роналдо со Реал истекува летото 2021 година.