Реал Мадрид не објави информации за повредата на напаѓачот Герет Бејл заради самиот играч. Според весникот „АС“, а од извори блиски до клубот, 30-годишниот фудбалер не му дозволил на Кралскиот клуб да објави детали за неговата повреда, повикувајќи се на медицинска доверливост, поради што лекарот нема право да открива информации за својот пациент.
Според изворот, Бејл се опоравува од повредата на мускулите што ја заработил при неговиот настап за репрезентацијата на Велс за време на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020 против Хрватска. Најверојатно, напаѓачот ќе се врати на теренот за домашниот натпревар на Реал Мадрид со Бетис, што ќе се игра на 2 ноември.
Оваа сезона, Бејл учествуваше на шест натпревари во Шпанската „Ла Лига“, постигнувајќи 2 гола и 2 асистенции.

