Трикратниот последователен шампион во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, забележа нов импресивен резултат. По победата над Рома со 3:0, шпанскиот клуб стана првиот тим во историјата на европските турнири со 43 последователни натпревари на свој терен на кој постојано постигнува гол.
Досега, „кралскиот клуб“ имаше израмнет рекорд со Тотенхем, кој исто така постигна барем еден гол на 42 последователни домашни натпревари меѓу 1961 и 1984 година.
Авторот на првиот гол, Иско, е единствениот играч на Реал од почетокот на календарската година, кој успеа да погоди од слободен удар.