Британскиот весник „Дејли експрес” тврди дека Реал Мадрид нуди 70 милиони фунти плус Герет Бејл и Тони Крос на Манчестер Јунајтед, во замена за играчот од средниот ред Пол Погба.
Со вклучувањето на Бејл и Крос, шпанскиот клуб се обидува да избегне плаќање на 150 милиони фунти за францускиот репрезентативец, како што побара Манчестер Јунајтед.
Самиот Погба неодамна изјави дека сака да побара нов предизвик, а за тоа е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“. Според медиумите во Шпанија и Англија, желбата на Погба е да се пресели во Реал Мадрид или да се врати во својот поранешен клуб Јувентус.