Дефанзивецот на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола, најверојатно ќе направи трансфер од Реал Сосиедад во Реал Мадрид за 40 милиони евра, објави весникот „АС“.
Трансферот на 22-годишниот Шпанец може да се случи за само неколку дена.
Новиот тренер на европскиот шампион, Хулиен Лопетеги инсистира на регрутација на ново име во дефанзивата, а Одриозола е веројатно негов прв избор.
Младиот играч беше селектиран и во составот на Шпанија за СП во Русија, токму од Лопетеги.