Раководството на Реал Мадрид планира да добие најмалку 100 милиони евра од продажбата на Герет Бејл и Хамес Родригез, пишува „Мундо Депортиво“.
И двајцата веќе немаат доверба кај тренерот Зинедин Зидан. Велшкиот интернационалец има договор до 2022 година и зема добива една од највисоките плати на „Сантијаго Бернабеу“.
Колумбискиот репрезентативец потпиша договор до 2021 година. Флорентино Перез сака да го финансира евентуалното купување на Ерлинг Холанд од Борусија (Дортмунд) кој е прв на списокот на желби.
Герет Бејл изминатиот период беше споменуван како играч кој треба да замине од Мадрид. Кралскиот клуб се надева дека ќе добие околу 60 милиони евра од Велшанецот, а околу 40 милиони евра за Хамес Родригез.