Реал Мадрид преговара со полудефанзивецот на Олимпик Лион Танги Н‘Домбеле, соопшти весникот „АС“.
Според информациите претставници на Реал се сретнале со агентот на играчот и спроведоа прелиминарен разговор за неговите лични услови. За трансферот на Н’Домбеле инсистира тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан и клубот е подготвен да ја задоволи неговата желба. 22-годишниот фудбалер премина во Лион од Амиен за 8 милиони евра минатото лето.
Оваа сезона играчот има 30 одиграни натпревари со шест асистенции. Други извори исто така потврдуваат за интересот на кралскиот клуб кон Н‘Домбеле, а споменува трансферна сума од околу 100 милиони евра.