Реал има намера да достави понуда до Ајакс за дефанзвниот играч за врска, Френки де Јонг. Според извори блиски до клубот, менаџментот на Реал (М) е подготвен да извади и 80 милиони евра за 21-годишниот фудбалер.
Претходно беше објавено дека интерес за Де Јонг има и кај Манчестер Сити и Барселона. Ајакс веќе постави висока цена за слободата на Де Јонг, па затоа уште ова лето Тотенхем одби да плати повеќе од 50 милиони евра за него.
Френки е дел од Ајакс од 2015 година. Минатата сезона играчот одиграа 22 натпревари во првенството во Холандија и имаше 7 асистенции.